Проектот FABUSS
FABUSS (FAmily BUsiness Successful Succession – Успешно наследување на семеен бизнис) е 24 месечен младински ЕРАСМУС проект кој се стреми да им помогне на младите поврзани во семеен бизнис да се оспособат за ефикасно наследување на бизнисот.
Целната група ја сочинуваат лица на возраст помеѓу 18 и 35 години кои сакаат да го преземат семејниот бизнис во извесен момент во иднината. Овие лица со аспирации за наследување имаат потеба од вештини и знаења за ефикасно развивање на бизнисот преку имплементирање на иновативни стратегии, вклучително и проширување на нивните пазари преку вмрежување и соработка со слични претпријатија во други земји.
Цели на проектот
Да ги идентификува и нагласи најдобрите практики за обука и поддршка на следната генерација лидери на семејните бизниси.
Опремување на следните лидери со потребните знаења, вештини и национални и интернационални мрежи.
Да се зајакнат знаењата и вештините на лидерите од следната генерација, запознавајќи ги со меѓународните позитивни практики, експертизи и тимска работа со истата целна група од различни земји.
Поддршка на трајноста на семејниот бизнис, нивната обновливост и интернационализација со што би се зајакнал нивниот социо – економски придонес.