FABUSS IconFABUSSУспешно наследување на семеен бизнис

FABUSS е 24 месечен младински ЕРАСМУС проект кој се стреми да помогне на младите поврзани во семеен бизнис да се оспособат за ефикасно наследување на бизнисот. Неговата целна група ја сочинуваат лица на возраст помеѓу 18 и 35 години кои сакаат да го преземат семејниот бизнис во извесен момент во иднината. Овие лица со аспирации за наследување имаат потеба од вештини и знаења за ефикасно развивање на бизнисот преку имплементирање на иновативни стратегии, вклучително и проширување на нивните пазари преку вмрежување и соработка со слични претпријатија во други земји.

 

Главни очекувани резултати од проектот се:

(a) Пронаоѓање и анализа на потребите на регионално ниво во областа на наследување на семејните бизниси и претприемништвото помеѓу младите;

(б) Креирање и имплементирање на ИКТ алатка (Платформа за учење) која ќе подобри нивото на претприемачки способности и знаење кај младите луѓе кое што е значајно во процесот на наследување на семејните бизниси;

(в) Поддршка и олеснување при стратешко планирање во семејните претпријатија врз основа на реални процеси со цел да се ублажат ризиците од неуспех при наследување и менаџирање на семејниот бизнис.

 

Проектот FABUSS ќе биде имплементиран во 4 фази, структурирани на начин да обезбеди ефективна врска и комплементарност помеѓу различните активности. Овие фази се:

  • Фаза 1: Идентификување на постоечки и/или веќе воочени недостатоци на вештини и анкети за потребите на обуките.
  • Фаза 2: Подготвување на тренинг материјали и структурирање на содржината, вклучување на повеќејазични прирачници за идентификуваните приоритети во врска со прашања поврзани со семејните бизниси, студии на случај, милтимедијални материјали и приспособена е-платформа за учење.
  • Фаза 3: Пилот – тренинг работилница и евалуација, вклучувајќи „Кругови на учење“ пилот работилници во сите партнерски држави, транснационални групи за активности, меѓугенерациски групни состаноци и дискусии. На крајот,
  • Фаза 4: Известување за „Научените лекции“ – Извештај за одржливост. На крајот на втората година од проектот, со повеќето интелектуални производи завршени или во завршна фаза, партнерството ќе се рефлектира преку „наследството“ кое после FABUSS би останало за сите вклучени организации (партнери и засегнати страни, директно или индиректно инволвирани) да преземаат акции и да донесуваат одлуки во врска со иницијативи кои на проектните резултати би им обезбедиле трајност, ажурирање и одржливост.

 

Се очекува проектот значајно да влијае на организациите кои учествуваат во него, младите луѓе, креаторите на политики и локалните заедници. Главна цел на проектот е да го намали постоечкиот јаз во знаењето, да ги запознае со клучните концепти и можности и да ги обезбеди младите наследници на семејните бизниси со потребните алатки за продолжување на успешната претприемачка дејност.
По завршување на проектот, партнерите на FABUSS очекуваат да ја одржат воспоставената соработка, додека материјалите за тренинзите и методологијата да бидат достапни до сите таргетирани групи со цел да се пренесе знаењето на што поголем број луѓе. Партнерите ќе ја ажурираат е-платформата за учење во наредните 3 години по завршување на проектот.

 

Активното барање и обезбедување на неопходни ресурси за одржување на резултатите од проектот после финансиски поддржаниот период, се експлицитно внесени во административните обврски за сите FABUSS партнери. Поточно, тие се обврзани за целите на проектот бидејќи тоа е значајно од аспект на додадената вредност за младите луѓе и нивните потреби за понатамошен развој на младинскиот претприемачки сектор во нивните држави. Тоа значи да се направат сите напори потребни за одржување на резултатите од проектот и истите да станат интегрален дел од секојдневните активности и долгорочното планирање.