Анкетите да бидат направени во контекст на FABUSS проектот со цел да се добијат основите за развивање на последователните интектуални производи и активности. Тие ќе ја „постават сцената“ за прилагодување на целосната подршка од FABUSS проектот за објектите за целните групи – за време на проектот и после неговото завршување.

Двата типа на истражувања ќе бидат спроведени во секоја од партнерските држави: едно поврзано со таканаречената средина за семејните бизниси во партнерските земји и една подетална поврзана со разликата во вештините и потребните тренинзи за целните групи кои треба да се спроведат. Двете истражувања ќе бидат спроведени низ низа од посебни активности од кои најголемиот дел ќе се извршуваат паралелно. Националните извештаи ќе бидат доставувани на англиски јазик, со извршно резиме на секој од јазиците на партнерските земји. Ќе се направи и комбиниран извештај кој ќе ја презентира ситуацијата во партнерството во целост.

Дизајнот и генерирањето на тренинг материјалите претставуваат еден од главните аутпути на FABUSS проектот. Базирани на листата на идентификувани приоритетни „разлики во вештините и потребни транинзи“, тренинг материјалите ќе бидат собрани и/или оригинално произведени. Ова ќе доведе до низа од тренинг модули.

Проектното партнерство, базирано на истражувањата и работата со семејните бизниси во земјите учеснички, прелиминарно идентификува голем опсег на потенцијални тренинзи потребни за новите генерации лидери на семејните бизниси. Нашето искуство доаѓа од активното помагање на заедницата на семејни бизниси со тренинзи и истражувачки активности. Сегашното сфаќање за таквите потреби ќе биде споредено со резултатите и анализите од поврзаните истражувања. Според тоа, нашите разбирања ќе бидат потврдени, адаптирани и/или збогатени и ќе бидат соодветнo реструктуирани.

Тренинг материјалите ќе бидат структуирани во три меѓусебно побрзани оски:

Оска 1 – Свесност за менаџерските проблеми на семејните бизниси

Оска 2 – Подготовка на ефективна нова генерација на лидери и

Оска 3 – Организирање ефективни управувања на семејните бизниси и сукцесивни механизми

FABUSS е-платформата за учење ќе биде базирана на добро познатата и општо употребуваната Moodle логика и ќе содржи најголем дел од нејзините функционални можности. Ќе биде достапна како „област за учење“ за втората генерација на регистрирани наследници на семејните бизниси а пак главната цел ќе биде да ги содржи сите материјали развиени во контекст на проектот FABUSS и друго (пример, мултимедијални материјали, снимени видео материјали од презентации од тренери од останатите партнерски држави, интервјуа).

За да пристапите на платформата за учење притиснете на копчето

Во втората половина од втората година на FABUSS, со комплетирање или привршување на најголемиот дел на проектните интелектуални производи, времето ќе биде посветено за разгледување на целото искуство стекнато во текот на првите три четвртини од траењето на проектот со осврт кон „наследството“ кое FABUSS би го оставил за сите организации учеснички (партнери и засегнати страни, директно или индиректно), за да преземат акции и да одлучат за иницијативи кои ќе ја осигураат издржливоста на резултатите.

Ова „наследство“ соодветно дисеминирано, ќе обезбеди идеи и материјали и за организации во државите кои се надвор од партнерството, со што може да се олесни иницирањето на слични програми наменети за млади претприемачи заинтересирани за преземање на сопственоста и менаџментот на семејните бизниси.

FABUSS студијата за одржливост ќе биде подготвена со цел да се презентира „наследството“ на проектот. Извештајот ќе биде објавен на веб страната на проектот, но и на веб страните на голем број одлучувачи на национално и европско ниво.

„Принципите“ усвоени за подготовка на студијата ( и за соодветните извештаи) во однос на содржината се следниве: (а) компатибилност со целите на FABUSS проектот; (б) конзистентност со евалуациите изведени на сите проектни аутпути и активности; и (в) објективност во однос на идните препораки.