Цели на FABUSS проектот
Да се идентификуваат и да се нагласат најдобрите практики за обучување и поддржување на следната генерација на семејни бизниси.
Опремување на следните лидери со потребните знаења, вештини и мрежи – национални и интернационални.
Да се зајакнат знаењата и вештините на лидерите од следната генерација, запознавајќи ги со меѓународните позитивни практики, експертизи и тимска работа со истата целна група од различни земји.
Поддршка на трајноста на семејниот бизнис, нивната обновливост и интернационализација со што би се зајакнал нивниот социо – економски придонес.
Да идентификува и анализира потреби на регионално ниво во областа на наследувањето на семејните бизниси и младинското претприемништво.
Да креира и примени ИКТ алатка (Платформа за учење) со цел подобрување на нивото на преприемачките вештини и знаења кај младите во процесот на наследување на семејниот бизнис.
Да го поддржи стратешкото планирање на семејните претпријатија, базирано на реалистичен процес за ублажување на ризикот од неуспех при наследување и менаџирање со семејните бизниси.