Целта на краткиот интензивен курс е да се обучат и подготват вработените на партнерите („Тренинг за тренери“) да можат да ги информираат целните групи во текот на повеќекратните настани и пилот тестирањата што се однесуваат на FABUSS материјалите и употребата на е – платформата за учење, да ги објаснат техничките спецификации и да презентираат начини за достава на материјалите за да се постигне поголем метеж за платформата.

Одбраните тренери од сите партнерски земји ќе учествуваат на интензивен брифинг за позадината на проектот, неговите цели и особено неговите карактеристики, содржината и административната поставеност поврзана со планираните тренинг активности на потенцијалните млади наследници на семејните бизниси. Тренингот за тренери ќе се одвива во Република Македонија.

Пилот тренинг курс ќе биде имплементиран во сите партнерски земји низ серија од дополнителни и взаемно подржувачки активности.
Во секоја партнерска држава 30 млади лица, ќе посетат лице – во – лице тренинг курс, со работилници организирани во сите земји, надополнети со е – учење и самообука помеѓу средбите. Сите тренинзи ќе бидат понудени бесплатно.

Тренингот ќе биде организиран според подготвениот план. Притоа се дозволени соодветни подесувања во секоја од партнерските земји. Курсот ќе вклучува транснационални размени на искуства поврзани со „сукцесивните практики за фамилијарните бизниси“ и заедничка подготовка на задачите.
Истотака, две „интергенерациски работилници“ ќе се организираат во секоја партнерска држава, во кои „наредната генерација“ учесници ќе им се придружи на претставниците од „претходната генерација“ во дискусијата за проблемите кај наследните семејни бизниси и ќе се разгледаат „научените лекции“ од „наредната“ генерација. Притоа ќе ја претстават својата перцепција и ставови и заедно ќе се формулираат препораки за адаптација и подобрувања на тренинг материјалите.

Партнерите во FABUSS во секоја од државите ќе организираат локални инфо денови за да се подигне свесноста за FABUSS и да се мотивираат целните групи да учествуваат во активностите на проектот. Целта на овие инфо денови е да се презентираат резултатите од националните истражувања за подобра промоција на проектот и за обезбедување на одржливост проектот.
Во текот на овие настани кои ќе бидат организирани во сите партнерски држави, националната партнерска организација ќе ги презентира резултатите од проектот за разликата во вештините и потребните тренинзи за целните групи кои треба да се спроведат.

Главните засегнати страни (пример: бизнис асоцијации, владини агенции, младински организации) ќе бидат поканети да учествуваат на инфо деновите и доколку е возможно да се обратат до публиката. Настаните ќе бидат опширно публицирани, ќе бидат испратени соопштенија за медиумите и ќе постои голема медиумска покриеност (весници и социјални медиуми). Сите материјали презентирани на инфо-деновите ќе бидат објавени на веб страната на проектот.
Агендата на инфо деновите ќе биде прилагодена на локалните околности и ќе ги содржи следниве теми:

  • Презентација на проектот FABUSS
  • Презентација на „разлики во вештините и потребни транинзи“
  • Дискусија за ситуацијата со проблемите и придобивките во семејните бизниси како и за проблемите при бизнис трансфер
  • Презентација на идните планови на проектот FABUSS; резултатите и активностите

Завршната конференција на FABUSS ќе се одржи во Атина, Грција, околу крајниот датум за комплетирање на проектот. Во текот на конференцијата, ќе бидат презентирани и дискутирани сите искуства на партнерите, резултатите од проектот, главните заклучоци и препораките од заедничкиот извештај.

На овој главен настан ќе бидат присутни сите партнери во проектот а ќе бидат поканети и гости говорници од партнерските земји, Европската комисија и од други меѓународни бизнис организации.
Конференцијата се смета како прва Годишна конференција од поседователните конференции кои ќе се одржуваат во партнерските земји или во некоја друга земја после завршувањето на проектот. Конференцијата се смета како дел од низата активности за одржливост. Овој настан ќе ги доведе на исто место заинтересираните страни да дискутираат за важни теми и проблеми поврзани со наследувањето на семејните бизниси.